559
Координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на денешната собраниска седница рече дека со амандманот XXXIV се закопуваат сите државотворни одлуки на АСНОМ. Според него, на овој начин се брише почетниот момент на уставна изградба на македонската држава и се создава целосно нова држава.
– Одлуките на АСНОМ повеќе не се спомнуваат во Преамбулата на Уставот. Со амандманот XXXIV се бришат одлуките на АСНОМ како конститутивни акти во процесот на создавање на Република Македонија и на нивно место го вметнува единствено прогласот од првото заседание на АСНОМ и Охридскиот рамковен договор – рече Мицевски.