Костадинов: Во годината зад нас пораснаа платите, пензиите, социјалната помош

by Фокус

Во годината зад нас, реализиравме бројни мерки што обезбедуваат повисок животен стандард и повеќе пари кај граѓаните, повеќе пари во секое семејство, изјави портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов.

-Се отвори спиралата на раст на платите. За само две години просечната плата бележи раст од над 2.000 денари. Пензиите го следат растот на платите и трошоците за живот и за две години просечната пензија пораснала за околу 1.400 денари. Минималната плата ја зголемивме на 12.000 денари и ја изедначивме и за работниците од кожарската и текситлната индурстија. Со тоа над 90 илјади работници добиваат зголемена плата. Значи над 90 илјади работнички семејства имаат во просек повеќе од 2.000 денари зголемен приход секој месец, само од оваа мерка. Стечајните работници, добиваат паричен надоместок од 7.596 денари месечно. Со неодамнешните измени на Законот за стечајци се зголеми опфатот на 8.100 граѓани кои го добиваат овој надомест – рече Костадинов.

Тој посочи дека платите ќе продолжат да растат во сите сектории во наредната година, за што се предвидени низа мерки во Буџетот за 2019 година.

-Вработените во образованието, здравството, социјалните центри, детските градинки, одбраната, војската, полицијата и судството добиваат повисоки плати за 5 отсто. Докторите специјалисти добиваат повисоки плати од 10 отсто. Преку зголемената државна поддршка за претпријатијата, платите ќе растат и во приватниот сектор. Значително се зголемува социјалната помош. Преку воведувањето на мерките гарантиран минимален приход и семеен пакет на права, лицата приматели на социјална помош, добиваат и до 300 отсто зголемена социјална помош. Создаваме можности, околу 60.000 деца да добиваат детски и образовен додаток – изјави сдсмовскиот потрпарол и пратеник.

Поврзани новости