471
Координаторот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, на денешната прес-конференција побара од Собраниски канал да ги емитува седниците на уставната комисија. Според него, Собранието ја има програмската одговорност за тоа.
„Парламентарното мнозинство на СДСМ и Талат Џафери сакаат дебатата за уставни измени да помине далеку од очите на јавноста. Тие сакаат уставните измени да ги протнат на мала врата. Се плашат да се соочат со пратениците на опозицијата и аргументите. Зошто првата седница не е емитувана на Собраниски канал? Ова е прашање од нависок интерес за граѓаните на Македонија. Собранието има програмска одговорност, а ние, пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараме седницата да се пренесува на Собраниски канал“, истакна Мицевски.