Апсолутно нема преговори и овој мандатен состав на ВМРО-ДПМНЕ, а тоа впрочем му кажа и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, рече Никола Мицевски, координатор на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ во вечерашното гостување на телевизија Сител.
-Како што рече Мицкоски, ниту има мандат, ниту сака, ниту ќе преговара за промена на Устав под диктат на Бугарија. Премиерот е тој кој што не може својот авторитет да го искористи кај неговите пратеници затоа што слушнавме дека нешто се случувало при координацијата околу пратенички прашања кога буквално бил гонет низ Собранието да не ја поднесе оставката до архивата. Добар дел од коалиционите партнери не му го гласаат договорот и законите со европско знаменце затоа што се свесни дека има злоупотреба во нив и дека никој не ги видел. Премиерот е тој кој што нема сила да излезе на дуел со лидерот на опозицијата и да ги вкрстат аргументите. И затоа тој ќе бара брифинзи каде што ќе пушта спинови и ќе ги фрла пердувите, нагласи Мицевски.