980
Во Собранието денеска настана своевиден инцидент, откако координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски, одби да се врати на своето место и упорно стоеше во близина на пратеничката на СДСМ, Даниела Маркоска, која доби збор за процедурално обраќање.
Собранискиот спикер Талат Џафери неколку пати го прозва Мицевски и го замоли да се врати на своето место, но неуспешно.
На крајот, сепак, Џафери реши да го повика обезбедувањето.
За тоа време во собраниската сала се слушаше удирање по масите и свирежи со свирчиња од страна на пратениците на опозицијата.
Инаку, инцидентот се случи откако меѓу пратениците од власта и од опозицијата паднаа тешки обвинувања за тоа во чие време криминалот бил поголем.