Митрополит Тимотеј: Охридска архиепископија не е понижувачко име!

by Fokus

Ние се викаме Македонска православна црква, а го користиме древното име Охридска архиепископија и затоа велиме тие не признаа под еклисиолошко, односно црковно име. Ние ќе се викаме МПЦ-ОА. Охридска архиепископија не е понижувачко име со себе имате една историја од десет века, изјави денеска портпаролот на МПЦ-ОА, миторполитот Дебарско-кичевски и администратор Австралиско-сиднејски, Тимотеј.

Светиот архијерејски синод денеска претходно на вонредна седница изрази најсрдечна благодарност до вселенскиот патријарх Вартоломеј за синодалниот акт за канонско и евхаристиско единство на епархијата на МПЦ-ОА со еклисиолошкото име, со кое се потврдува вековниот црковен континуитет и најави продолжување на разговорите со СПЦ до уредувањето на конечниот статус на македонската црква.

Светиот архиерејски синод на МПЦ-ОА изрази најсрдечна благодарност до вселенскиот патријарх г.г.Вартоломеј за синодалниот акт за признавање на каноничноста на нашата црква. Тоа значи дека од сега сослужувањето со останатите православни цркви, свештенството ќе ги држи како МПЦ, истакна Тимотеј.

По седницата САС во соопштението истакна дека разговорите со СПЦ продолжуваат се додека не се дојде до конечно решение, односно автокефален статус на МПЦ-ОА.

Митрополитот Тимотеј изјави дека МПЦ-ОА всушност никогаш не ги прекратила разговорите со српската црква, но тие не секогаш се објавуваат во јавноста.

-Затоа велиме продолжувааат и во соопштението го потенцираме тоа дека разговорите со СПЦ продолжуваат се додека не најдеме конечно решение за тој автокефален статус. Засега останува во рамки на тесен круг на дипломатски преговори помеѓу двете цркви, вели Тимотеј.

Поврзани новости