НАСА лансираше сонда која треба да му пријде на сонцето, проектот вреди 1,5 милијарди долари

by fokus

Американската вселенска агенција НАСА денеска ја лансираше сондата која треба да пријде до Сонцето поблиски од што било досега. Сондата „Паркер“ треба да прелета низ надворешните рабови на короната, надворешната атмосфера на Сонцето. „Паркер“ во еден момент треба да се најде на шест милиони километри од Сонцето и да остане доволно студен и покрај екстремната топлина и радијација. Научниците така ќе можат да го истражат Сонцето на начин кој никогаш претходно не бил возможен.

„Паркер“ е заштитен со револуционерен јаглероден топлински штит и со други технолошки чуда, а првата средба со Сонцето треба да ја има во ноември. Планирано е сондата да направи 24 блиски поминувања за седум години. Проектот вреди 1,5 милијарди долари.

Илјадници набљудувачи се собраа да го гледаат лансирањето, а меѓу нив беше у 91-годишниот астрофизичар Јуџин Паркер, по кого сондата го доби името. Тој пред 60 години ја изнесе теоријата за постоење соларни ветрови, непрекинат тек на честици кои со надзвучна брзина го напуштаат Сонцето. Ова е прв пат НАСА да именува вселенско летало по жив човек. Лансирањето првични беше предвидено за вчера, но беше одложено поради технички проблеми.

Поврзани новости