Живко Митревски бара оставка од министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска. Спорниот претседател на Сојузот на синдикати на Македонија вели дека Царовска извршила упад во ССМ и направила обид за, како што вели, да биде сменет по незаконски пат.
-ССМ како репрезентативна синдикална организација за јавниот и приватнот сектор, членка на Европската и Светска конфедерација на синдикати сака да ја информира јавноста за уште еден обид за незаконска смена на раководството на Сојузот и правење на нов антисиндикален чин, историски скандал незапамтен во синдикалната историја во Европа и пошироко повторно од страна на Министерството за труд и социјална политика и од страна на министерката Мила Царовска – изјави Царовска.
Претседателството на Митровски е оспорено од повеќе синдикални организации кои претходно донесоа одлука за негова смена, но одлуката не беше признаена од претходниот министер.