Митрески: На 27 април Дурловски беше спремен да убие за пари

by Фокус

Зоки ми е брат, Радмила ми е сестра по 27 април, а носителот на другата страна Игор Дурловски бил спремен да убие за пари, изјави носителот на пратеничката листа на СДСМ во петтата изборна единица Јован Митрески.

-Во собрание само еден човек не аплаудираше на решавањето на 30-годишниот проблем-членството во НАТО, не аплаудираше што нашата мала земја седи на маса со најмоќните, не се израдува на тоа дека сега треба да зборуваме за економија, инфраструктура, за решавање на проблемите на граѓаните – рече Митрески.

Ние, додаде тој, ги решаваме проблемите на граѓаните и по 15 јули ќе покажеме сите заедно дека можеме уште повеќе и уште подобро.

Поврзани новости