Со цел да ја надминеме нерамноправната положба на вработените во петте државни универзитети: „Гоце Делчев“- Штип, „Св. Климент Охридски“ – Битола, Државен Универзитет во Тетово, „Св. Апостол Павле“, како и во Универзитетот „Мајка Тереза“, на денешната координација донесовме одлука да предложиме измени на Законот за високото образование со кои ќе се регулира коефициентот за исплата на плата на вработените во јавните високообразовни установи, со што ќе се обезбеди соодветно покачување на платите за сите, објави претседателот на Собранието, Јован Митрески.
„На овој начин го унапредуваме стандардот на сите вработени во високообразовната дејност, но и инвестираме во образованието и во иднината на младите генерации. Ги повикувам сите пратеници да го поддржат ова законско решение, бидејќи образованието е прашање за кое е неопходен консензус и за кое нема простор за политички или партиски калкулации“ напиша Митрески на својот Фејсбук профил.
Од февруари е предвидено над 3 000 вработени на државниот универзитет „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје да добиваат за околу 22 отсто повисоки плати согласно поединечниот колективен договор склучен меѓу УКИМ и Собранието во декември 2022 година.