Митовска кон СДСМ: Поверојатно е врбата да роди грозје отколку вие да ги зголемите пензиите

by fokus

Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска, упати критики кон актуелната власт за состојбата на пензионерите во оваа држава.

„Додека ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, пензионерите добиваа зголемување на пензиите и беа задоволни. СДСМ ветуваше дека пензиите ќе се зголемат, но, за жал, откако се на власт, им го скратија и претходното зголемување на пензиите. Едно е да ветувате, но време е да ги исполните ветувањата на граѓаните. На вашите прес конференции можете да кажувате многу убави бројки, но во реалноста ќе видите дека тие до ден денес немаат зголемување на пензијата. Поверојатно е врбата да роди грозје, отколку вие да ги зголемите пензиите на пензионерите“, истакна Митовска.

Поврзани новости