Митовска кон СДСМ: Две години сте на власт а денеска за првпат зборуваме за покачување на плати

by fokus

Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Слаѓана Митовска на денешната седница предложи платите во јавниот сектор да бидат покачени за 10 проценти, а не за 5 отсто како што и беше одлучено.

„Две години сте на власт а денеска за првпат зборуваме за покачување на плати. Вчера имавме протест со кој беше блокиран цел град. Вакво незадоволство имаме во сите сектори. Предлагаме зголемувањето на платата да биде 10 проценти. Верувам како одговорни личности, сите ние ќе се залагаме за зголемување на 10 посто“, истакна Митовска.

Поврзани новости