Македонија и Бугарија дојдоа до таканаречена замрзната фаза во процесот за постигнување на договорот за пријателство поради политичката криза, истакна бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов.
– Има уште некои работи кои треба да се расчистат и да се договорат но проблемот е што политичката ситуација во моментов во Македонија не ни дава повод за оптимизам и дека ќе можеме да стигнеме во краен случај до потпишување на тој договор. Треба да има Парламент, треба да има можност кога ќе се потпише тој договор, тој да е легитимен. Да има механизам за спроведување и реално да се спроведува – рече Митов.
Дополнително, додаде тој, меѓу двете држави треба да се создаде атмосфера која не дава простор за шпекулации во однос на тоа какви се взаемните односи.