Митко Гаштаровски од САФ: „Раце Горе“ нема да ја изведуваме затоа што не гледам причини за славање

by fokus 11:29
11:29

Вокалистот на хип хоп бендот САФ, Митко Гаштаровски Пикисипи, нагласува дека е против промена на името и против влез во НАТО под услов. Сепак, Гаштаровски додава дека ќе настапи на големиот настан кој го организира Владата, затоа што, како што вели, сака да се сочува ова парче земја кое се вика Македонија. САФ ќе настапат во чаршијата во Струга.

„Морам да кажам пред да порасне у Папазијанија целава работа. Не сум за промена на името во Северна Македонија. Ќе настапам како дел од формацијата С.А.Ф. затоа што тоа е единствен начин „според мене“ да се сочува ова парче земја кое се вика Македонија, без понатамошно делење и.т.н. Покана за НАТО??? Не под Услов!!! Песните наши ги знаете – не се баш за славење

- Advertisements -

Песните наши ги знаете-не се баш за Славење…..Единставената песна која е за прослава -Раце Горе нема да ја изведуваме бидејќи денес или на 14.07. не се чувствувам дека треба да славам ….Нека биде последен концерт ЗАСЕКОГАШ!!!!!!!!

10 години не живеам во МКД и се трудам да не бидам дел од социјалните мрежи расправии минатите години додека траеше таканаречената шарена Револуција итн….Нејсе ме зачуди итноста со која букинг менаџерот (во Понеделникот имав повик ) ја изигра целата работа и зошто нас не викаат на прослава кога ниту јас ниту Смилен живееме таму….Иако прашав неколку пати дали е политички мотивиран настанот (никако Партиски обележја) добив одговор дека сме добиле ПОКАНА за НАТО па затоа ќе славиме!!!!МКД слави:):):):)!!!!!

Не пратам Политика повеќе и не ме интересира што се случува во МКД освен со луѓето со кои општам (блиски итн)…..Имам две деца во туѓина и со свои раце ги подигам како знам и умеам без никаква помош од спонзор, влада и останати глупости сите овие години откако творам како што знам и умеам, никому не сум украл ништо, мирно спијам ……Никогаш не сум настапувал за некаква политичка опција….Изненаден од фактот дека сме ДОБИЛЕ ПОКАНА за НАТО и од желба да се видам со другарите реков ОК ако сакаат другите ќе дојдам и јас но без политички Амблеми:):):)

Но морам да признам дека сум изненаден од тролањето и блуењето од таканаречените фанови кои веднаш знаат да маваат со камења :):):) Баш супер, покажете си го своето лице :):) Јас ке останам доследен на своето дело и тие што ќе бидат на концертот во Струга (дури вчера дознав дека ќе биде во Струга:):) Ќе можат од прва рака да не чујат што мислиме ние како САФ за новонастаната ситуација…

Истата оваа Влада- (партија ) ни го цензурираше концертот од 98 кога беше напишан албумот сега не кани на заедничка прослава иако на плакатот нема одбележја партиски колку што приметив… Ете тоа би било, а кој ќе дојде на последниот С.А.Ф. концерт ќе цуе и поцуе“.

 

Поврзани новости