Стотици илјади луѓе во Германија излегоа трет викенд по ред да протестираат против политиката на десничарската партија Алтернатива за Германија, објави Асошиетед прес.
Според организаторите, на денешниот митинг во Хамбург, кој се одржа под мотото „За различноста и нашата демократија – Хамбург е обединет против АфД“, присуствувале 100.000 луѓе.
Во текот на викендот се одржаа десетици помали протести, вклучително и во градовите Ахен, Оснабрик, Кил, Зигмаринген и Витенберг, јавува Радио Слободна Европа.
Продемократските демонстрации започнаа пред две недели, откако група истражувачки новинари од Коректив објавија напис во кој се тврди дека десничарските екстремисти неодамна се состанале за да разговараат за депортацијата на милиони имигранти, вклучително и некои со германско државјанство.
На тој состанок присуствуваа и некои членови на Алтернатива за Германија.
„Алтернатива за Германија“ е основана како евроскептична партија во 2013 година и за првпат влезе во Бундестагот четири години подоцна.
Анкетите покажуваат дека таа сега е на второто место на национално ниво, со 23 отсто од гласачите кои ја поддржуваат, што е далеку над 10,3 отсто што ги освои на изборите во 2021 година.