Чешкиот скијачки сојуз соопшти дека скијачот Антонин Хајек е пронајден мртов, а исчезна пред шест месеци.
Роден е на 12 февруари 1987 година во Фридланд, во близина на границата со Полска, а своето интернационално деби го имаше на 9 февруари 2002 година.
Овој 36-годишен поранешен спортист починал под се уште непознати околности.
Никогаш не успеа да застане на подиумот во елитната серија, додека трипати беше трет во Летното Гран при натпреварување.
Smutná zpráva. 🖤 Zemřel bývalý vynikající skokan na lyžích, český rekordman a reprezentační trenér Antonín Hájek.
Čest jeho památce a upřímnou soustrast rodině a přátelům. 🙏
Tondo, budeš nám chybět. 🦅 pic.twitter.com/OfNnNADCtM— Czech Ski & Snowboard (@czeskisnowboard) March 10, 2023
Тој го постави чешкиот рекорд за најдолг лет од 236 метри на 20 март 2010 година.
Пред три години во јануари, тој стана селектор на чешката репрезентација во ски скокови, откако го замени Давид Јирутек.
Антонин исчезна во октомври 2022 година.
Полицијата потоа започна темелна операција за пребарување, кога се појавила информација дека е виден во Малезија.
Тогаш во потрагата се вклучила и полицијата на оваа земја, но не успеала да го пронајде. Во текот на есента последните информации за него стигнаа од чешката амбасада во Малезија.
Како што пишуваат чешките медиуми, Хајек имал проблеми по развод, па наводно решил да побегне од својата татковина.