Претседателот на Собранието Талат Џафери ќе ја отвори денешната седница за интерпелација за неговата работа поднесена од ВМРО-ДПМНЕ, потоа со седницата ќе претседава потпретседателот Горан Мисовски, а собранискиот спикер ќе седне до својот лидер и пратеник Али Ахмети, пишува Слободен печат.
поред сценариото за пленарката, се очекува предлогот зошто Џафери треба да биде разрешен од функцијата претседател на Собранието да го образложи Антонијо Милошоски од ВМРО-ДПМНЕ како првопотпишан на барањето. По ова, Џафер ќе образложи зошто и натаму треба да остане на функцијата.
Распоредот на говорниците на седницата е два спрема еден пратеник во корист на опозицијата. Први за збор од ВМРО-ДПМНЕ се координаторот на пратеничката група Никола Мицевски и заменичката Дафина Стојановска, а завршниот „удар“ пред полноќ треба да го зададат Александар Николовски и Гордана Силјановска Давкова.