Мисовски и официјално нов лидер на НСДП

by fokus

Горан Мисовски од денеска и официјално е нов претседател на НСДП откако заврши постапката за негов упис во Судскиот регистар на политички партии.

-Од денеска Горан Мисовски официјално, со Решение на Основниот граѓански суд Скопје, е упишан како претседател на НСДП и лице кое ќе ја претставува и застапува НСДП, информираа од партијата.

Исто така во Судскиот регистар на политички партии се изврши упис на Измените и дополнувањата на Статутот на НСДП.

 

Поврзани новости