610
Потпретседателот на парламентот, Горан Мисовски, го прекина премиерот Зоран Заев додека тој одговараше на прашање од пратеникот Амди Бајрам околу политиките со лекови на позитивна листа.
-На тоа прашање одговори министерот за здравство и пратеникот рече дека е задоволен од одговорот. Извенете, но не смееме да го кршиме Деловникот – рече Мисовски.
Заев го прекина обраќањето и се повлече на своето место, што предизвика реакција од Бајрам, кој изрази задоволство од одговорот на премиерот и незадоволство од потпретседателот на парламентот поради тоа што го прекинал.