Шчербак: ВМРО-ДПМНЕ ја изгуби власта поради недоследната политика

by fokus

Рускиот амбасадор, Олег Шчербак, на денешната прес конференција ги прокоментира новите позиции на ВМРО-ДПМНЕ да се ориентира повторно кон ЕУ и НАТО откако во последните месеци од власта покажуваше аспирации кон сојузништво со Русија. Според Шчербак поради својата неконзистентност, ВМРО-ДПМНЕ ја изгуби власта.

-Toa ja одразува недоследната политика на дел од раководството на оваа политичка партија што доведе до тоа ВМРО-ДПМНЕ да ја изгуби власта. Од друга страна знам многу членови на оваа, една од најголемите политички партии во Македонија, кои се расположени за развој на конструктивни и обострани односи со Руската Федерација. Токму унапредувањето на конструктивните односи меѓу Русија и Република Македонија е во интерес и им одговара на интересите на народот на Македонија  – изјави Шчербак.

Поврзани новости