Суад Мисини веќе четврти ден штрајкува со глад пред Собранието поради ситуацијата со мигрантите во Македонија. Тој најавува радикализирање на штрајкот. Ви го пренесуваме неговиот фејсбук статус:
– Ова е четвртиот ден од мојот штрајк со глад. Властите не обезбедија никаков повратен одговор за моето трето барање: ослободување на притворените лица во центарот во Гази Баба и негово затворање.Ситуацијата во центарот е неподнослива и потребен е одговор веднаш.Барам премиерот Груевски јавно да го објави својот став во врска со ова прашање ВО РОК ОД 24 ЧАСА: дали оваа криза ќе се реши или не. Доколку не даде дефинитивен став, тоа ќе предизвика мојата штрајк да биде целосен: не само без храна, туку и без вода.Исто така, ако мојата состојба се влоши, одлучно ќе одбијам, било каква медицинска интервенција – пишува Мисини на неговиот фејсбук профил.