Мишел: ЕУ мора да одреди датум за ново проширување!

by Fokus

ЕУ мора да одреди датум за новото проширување бидејќи без него никогаш нема да биде подготвена да прими нови членки.

Ова денеска во разговор со новинари во Брисел го изјави претседателот на Европскиот совет – Шарл Мишел.

Тој оцени дека одредувањето на датумот ќе ја охрабри ЕУ да се подготви, а на земјите од Западен Балкан да им даде конкретен рок за исполнување на нивните обврски, пренесе РТС.

„На тој начин изговорите веќе нема да бидат можни од ниту една страна. Едно е јасно, ако не си поставиме цел, никогаш нема да бидеме подготвени“, порача Мишел.

Тој во Блед, Словенија пред неколку дена рече дека ЕУ и Западен Балкан треба да бидат подготвени до 2030 година да примат нови членки.

Поврзани новости