Извлечени групите во фудбалската ЛШ: Елмас против Реал, Милан и ПСЖ во групата на смртта, Сити доаѓа во Белград

by Fokus

Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас со неговиот Наполи е во групата Ц со Реал Мадрид.

Од поинтересните групи кои денеска беа извлечени за фудбалската Лига на шампиони белградска Црвена Ѕвезда е во групата Г каде е и шампиот на Европа од минатата сезона – Манчестер Сити.

Групата Ф е „група на смртта“. Освен француски ПСЖ и италијански Милан, тука се и Борусија Дортмунд и амбициозниот Њукасл.

Еве го распоредот на сите 8 групи:

ГРУПА А: Баерн Минхен, Манчестер Јунајтед, Копенхаген, Галатасарај.

ГРУПА Б: Севилја, Арсенал, ПСВ, Ленс.

ГРУПА Ц: Наполи, Реал Мадрид, Брага, Унион Берлин.

ГРУПА Д: Бенфика, Интер, Салцбург, Реал Сосиедад.

ГРУПА Е: Феенорд, Атлетико Мадрид, Лацио, Селтик.

ГРУПА Ф: ПСЖ, Борусија Дортмунд, Милан, Њукасл

ГРУПА Г: Манчестер Сити, Лајпциг, Ц. Звезда, Јанг Бојс.

ГРУПА Х: Барселона, Порто, Шахтјор, Антверпен.

Поврзани новости