Мисајловски: ВМРО -ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за Николовски и Маричиќ

by Fokus

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски денеска на прес-конференција соопшти дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација за вицепремиерот Љупчо Николовски и за министерот Бојан Маричиќ.

Одамна е вклучен црвениот аларм, рече Мисајловски, додавајќи дека земјава со актуелната власт падна на 111 место на листата на корупција на Транспаренси.

– Состојбата со корупцијата е полоша и од Косово, Танзанија, Гамбија и Белорусија. Ова е пад од цели 45 места само во годините на управувањето и на лажните реформи на правниот систем на Зоран Заев. Потребни се оставки, најпрво од таканаречениот вицепремиер за борба против корупцијата Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ, зашто не само што не се изборија со корупцијата, туку таа е и засилена. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе интерпелација во Собранието за Љупчо Николовски и за Бојан Маричиќ. Оставки веднаш. Одговорност веднаш, истакна Мисајловски.

Поврзани новости