369
Добро е што владата на СДСМ ќе продолжи со изградбата на проектите од ВМРO-ДПМНЕ, но лошо е што оваа неспособна влада скоро една година нема започнато ниту еден капитален проект, а градежништвото е во пад од околу 20 проценти – изјави Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.
-Скоро една година ги манипулира граѓаните дека ќе почнат нови 600 километри автопати, а во реалноста не можат ни да го пуштат во употреба завршениот автопат Демир Капија – Смоквица. Ако за една година не можат да пуштат завршен автопат можеме сите да замислиме што се случува со сите останати проекти во инфраструктурата – рече тој.