Мирослав Богдановски нов раководител на Инспекторатот на Град Скопје

by fokus

Итни реформи на градскиот Инспекторат за поголема ефикасност, негова транспарентност и достапност до граѓаните за да биде вистинска алатка преку која граѓаните ќе можат да ги остварат своите права, се само дел од суштинските предизвици што пред себе си ги поставува новиот раководител на Секторот инспекторат на Град Скопје, Мирослав Богдановски.

Како што информираат од Град Скопје, на оваа позиција Богдановски доаѓа од Агенцијата за просторно планирање, каде што работел 10 години, а една година бил и директор на Државниот инспекторат за животна средина.

Богдановски е магистер по економски науки и долгогодишен активист за заштита на животната средина, активно вклучен во неколку здруженија и иницијативи со искрена желба и амбиција да придонесува за одржлив развој и почиста и поздрава околина.

Тој истакнува дека е потребно да се направи извесна реформа на Инспекторатот, да се зголеми бројот на инспектори, а, како што вели, има потреба да се формира и еколошка или комунална полиција со зголемени надлежности.

Поврзани новости