Манипулациите на Александар Кирацовски, на денешната прес конференција ги поминаа сите граници, а несовесноста, неодговорноста и незаинтересираноста на Кирацовски и на луѓето кои ги распореди во својот кабинет, сака да ги оправда со префрлање на вината на луѓе кои деноноќно работејќи, професионално и стручно си ја извршуваат својата работа, реагираат од Министерството за иноформатичко опшество и администрација на денешните обвининувања од Кирацовски дека тимовите кои ги внесуваат податоците од теренската проверка на Избирачкиот список се избрани само од ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ.
-Во однос на лицата кои Државната изборна комисија ги има побарано, државниот секретар на Министерството за цело време на процесот, е тој што ја координира активноста за обезбедување на лица вработени во Министерството и тоа по директни насоки и од Генералниот секретар на Државната изборна комисија, за што исто така постојат соодветни докази (официјални дописи и СМС пораки од секретар до секретар директно). Ваквиот начин е разбирлив затоа што согласно членот 11 од Законот за административни службеници, секретарот е тој што раководи со административните службеници, дава упатства на службениците и решава за правата, обврските и одговорностите на службениците, велат од Министерството.