По шест дена во Шутка, Грујевски си замина дома

by Фокус

Откако Апелациониот суд денеска ја отфрли жалбата на Специјалното јавно обвинителство, началникот на Петта управа, Горан Грујевски, со полициска придружба си замина дома каде ќе биде во домашен притвор. Тој помина шест дена во притвор во затворот во Шутка.

Од Кривичниот совет објаснија дека домот на началникот од УБК  24 часа ќе биде под полициско обезбедување. Според нив, судија на претходна постапка правилно проценил кога утврдил притвор, но со оглед на тоа дека и со домашниот притвор ќе се обезбеди негово присуство и притоа земени се личните семејните и материјални прилики како и околноста дека прв пат доаѓа до судир со законот може да ја постигне законската мерка на невлијаење на сведоци или уништување на докази како и попречување на постапката со домашен притвор.

Во образложението на Кривичниот совет уште се вели дека доколку началникот на Петтата управа, Грујевски, го напушти домот, веднаш ќе биде вратен во Шутка.

Поврзани новости