543
Откако ги поставија барањата, демонстрантите од Шарената револуција со едноминутен молк му оддадоа почит на убиениот Мартин Нешкоски, но и како што рекоа, на сите жртви на режимот.
Едноминутиот молк беше разбиен со извикуање „Нема правда, нема мир“, по што демонстраните се упатија кон плоштадот Македонија, на местото каде што беше убиен Мартин во 2011 година на прославата за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ.