661
Чекаме да помине ребалансот на Буџетот и ќе излеземе со нови мерки, порача вечерва вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи. Тој посочи дека парите за четвртиот пакет мерки се обезбедени, а недостатокот по ребалансот во износ од 100 милиони денари ќе се обезбеди со домашно задолжување.
-Ребалансот на Буџетот ги тишти сите граѓани, сите се погодени од пандемијата, но и од економската криза. Малку подолго се развлече процесот со ребалансот, но мислам дека утре ќе заврши тоа и за неколку дена ќе ги спроведеме мерките. Извесно е дека штом помине ребалансот ќе се задолжиме кај домашните банки, дел од парите се од еврообрзницата, а има и од другите задолжувања што се случија годинава – рече Битиќи во интервју на телевизија Стар.
Тој најави дека ќе следат кривични пријави за газдите што нема да им ги дадат парите од мерките на работниците.