Курц: Ова е одвратен терористички напад, војската ја презема заштитата на имотот

by Фокус 00:09
00:09
Доживуваме тешки часови во нашата република, нашата полиција ќе дејствува одлучно против извршителите на овој одвратен терористички напад, порача австрискиот премиер Себастијан Курц по денешните вооружани напади во центарот на Виена, во кои има и жртви.
„Никогаш нема да бидеме заплашени од тероризам и ќе се бориме против овие напади со сите средства. За да може полицијата целосно да се концентрира на борбата против тероризмот, федералната влада одлучи федералната армија да ја преземе заштитата на имотот во Виена“, напиша Курц на фејсбук.

Поврзани новости