Минов контра ВМРО-ДПМНЕ: Власта со мене преговараше демократски, со аргументи на убедување

by fokus

Пратеникот од ГРОМ, Панчо Минов во вечерашното гостување на телевизија 24 рече дека според неговиот пример тој мора да ја демантира ВМРО-ДПМНЕ дека власта ги уценувала пратениците да гласаат за потребата од уставните измени.

-Јас не знам зошто мојот глас бил предмет на шпекулации, бидејќи јас во четири наврати јавно кажав дека ќе бидам против. Дури во расправата во уставната комисија имав иницијатива да прашање од стратешко значење мора во Собранието да не се забетонираме во своите ставови, туку да има усогласување. Дадов и неколку конкретни предлози, да не се сфати како губење на идентитет, да има посебен амандман. Да, се преговараше со мене да гласам за. Тоа е само активност на претставници на позицијата да убедуваат да се обезбеди двотретинско мнозинство. Самиот пристап беше демократски, со аргументи на убедување. Со мојот пример го демантирам партискиот став, зашто сум немал закани и притисоци, рече Минов.

Поврзани новости