809
Министерството за здравство изработи апликација за мобилните телефони која ќе ги информира корисниците за најновите информации за корона вирусот.
„Добивај ги најновите информации од Министерството за здравство за заштита од корона вирус, директно во AirCare! Преземи ја најновата верзија од Google Play и App Store, и осигурај се дека во менито ја имаш активирано опцијата за нотификации. Сите новости ќе ги има во делот “Вести” – напиша министерот Филипче на својата официјална фејсбук страна.