Министерството за здравство става контрола на јавните набавки кои што се уште не се отпочнати во болниците и здравствените домови во државата.
Од таму информираат дека со цел подобар и попрецизен увид во трошоците и јавните набавки на јавните здравствени установи, со допис ги информирале сите ЈЗУ дека за сите јавни набавки предвидени во годишниот план за јавни набавки, а кои се уште не се отпочнати, потребно е установите да побараат стручно мислење од Министерството за здравство пред отпочнување на набавката.
„Целта на ова известување до јавните здравствени установи е да се спречи нерационалното и неоправдано трошење на буџетските средства со кои располагаат установите, односно овие средства системски да се искористат во интерес на пациентите“, изјави министерот Арбен Таравари.
“Ова не се однесува на набавките кои се неопходни за тековно и нормално функционирање на здравствените устнови. Потенцираме дека установите може непречено да ги спроведуваат согласно законските прописи, велат од Министерството за здравство.