Судскиот совет ќе објави оглас за претседател на Кривичниот суд

by Fokus 08:59
08:59

Судскиот совет на денешната седница ќе објави оглас за избор на претседател на Основниот суд Скопје 1, каде што в.д. претседател е Стојанче Рибарев, и за избор на претседатели на Апелацискиот суд Штип и на основните судови во Куманово, Тетово, Дебар и во Ресен.

Судскиот совет со тоа ќе ги претрка Владата и планот 3-6-9 на премиерот Зоран Заев, во кој се предвидени реформи во правосудството.

- Advertisements -

 

Поврзани новости