408
Владата денеска во рамки на 140.седница го разгледа и усвои новиот текст на Информацијата за давање одобрение на Министерството за здравство за почнување постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на медицинска опрема за повеќе јавни здравствени установи во државава.
Станува збор за набавка на дигитални РТГ апарати, апарати за хемодијализа за потребите на ЈЗУ Универзитетска клиника за нефрологија, Градската општа болница „8-ми Септември“ во Скопје и ЈЗУ Завод за нефрологија Струга, како и за почнување постапка за доделување на повеќегодишен договор за јавна набавка на медицинска опрема за потребите на ЈЗУ Институт за трансфузиона медицина – Скопје.