Јавноста, односно новинарите и невладините организации, кои ги следат судењата, тоа да го прават во редуциран број и да се овозможат услови за алтернативно следење поради коронавирусот.
„Сите судења за кои постојат законски услови треба да продолжат. Се препорачува оние судења за кои има масовен јавен интерес да продолжат со редуциран број на физичко присуство на јавноста за кои треба да се овозможи алтернативен начин за следење на судењето покрај физичкото присуство. Се препорачува искористување на просториите во кои има физичко одделување на учесниците во постапката и јавноста, како и користење други можности за информирање, како видеопренос и слично“, препорачуваат од Министерството ото за правда.
Во судовите и јавното обвинителство, како што велат од Министерството за правда, очекуваат да се почитуваат сите останати мерки што досега ги препорачаа Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија.