По Ругани, уште еден фудбалер од Италија позитивен на корона вирус

by fokus

Вистински шок беше вчерашната вест дека дефанзивецот на Јувентус, Даниеле Ругани е позитивен на корона вирус, а денеска пристигнуваат нови лоши вести од Апенините.

Фудбалерот на Сампдорија, Маноло Габијадини има симптоми на корона вирус и целиот тим на екипата од Џенова е ставен во карантин.

Калчото е одложено до почетокот на април, но се поочигледно е дека ќе има целосен прекин на италијанскиот шампионат.

Поврзани новости