Министерството за образование се договори со средношколска организација која постои само фиктивно

by Фокус 18:48
18:48

На еден ден пред најавениот протест од страна на Средношколскиот пленум, Министерството за образование се сретна со Унијата на средношколци и договори укинување на математиката како задолжителен предмет за државна матура. Унијата на средношколци има неактивен статус од 2013 година, а според едно истражување на Младинскиот образовен форум 81 процент од средношколците  никогаш не учествувале во избор на овие претставници.

Од Средношколскиот пленум велат дека утрешниот протест ќе се одржи, а овој потег на мнистерството го сфаќаат како обид за манипулација и поделба на средношколците. Тие бараа средба со министерот Адеми, но тој освен што два пати изјави дека ќе ги прими, такво нешто не се случи.

- Advertisements -

-Мислите ,ставовите и аргументите на Средношколскиот Пленум повторно газени без никаков срам, без никаква грижа..
Дополнително изреволтирани од ваквите манипулации продолжуваме погласно и посилно од било кога со нашите барања-барања направени од средношколците ЗА средношколците. Ние нема да замолчиме, а особено нема сега, кога вие се обидувате да поделите, па да успеете, ние ќе се солидализираме и ќе ви покажеме дека сме многу, многу посилни отколку што сметавте, напиша Средношколски пленум на неговата официјална Фејсбук страница.

 

Поврзани новости