ВМРО-ДПМНЕ: Пријавите на СДСМ се неаргументирани

by Фокус

-СДСМ продолжува со своите правно неаргументирани и неиздржани пријави базирани на манипулации со цел да ја дефокусира јавноста од скандалозното и деструктивно сценарио што го спроведува Зоран Заев, пишува во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ, откако денеска СДСМ поднесе кривични пријави против премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески и скопскиот градоначалник Коце Трајановски во врска со парцелите на Водно.

Од владејачката партија повторуваат дека СДСМ направиле крајно низок обид да се доберат до власт по секоја цена, без поддршка од народот, без избори, користејќи креирани и сечени материјали добиени на криминален начин од некој кој не и мислел добро на Македонија.

Поврзани новости