Министерството за култура утре ќе ја каже судбината на „Ќосето“ и сличните спорни споменици

by fokus

Работната група што ја подготвува анализата на проектот Скопје 2014 утре ќе достави извештај со предлог-мерки за најспорните објекти од проектот.

Од Министерството за култура велат дека поради обемноста на проектот Скопје 2014, работната група решила да му пристапи на овој проблем во фази, за да може деталната анализа во соодветно време да доведе до предлог-мерки односно до резултати.

-Првата фаза на анализата се однесува на најспорните објекти, како споменикот на Андон Јанев – Ќосето, како и на објектите што се во различни фази на изградба, со што сѐ уште создаваат финансиски импликации врз државниот буџет. Поради комплексноста на какви било интервенции на дел од објектите, работната група ќе подготви повеќе можни сценарија за некои од нив“, велат од Министерството за култура.

Поврзани новости