Пропадна и референдумот против рудници во Ново Село

by fokus

На референдумот во Ново Село против отворање на рудникот за злато Иловица на планината Огражден не излегоа потребните на 50 отсто од гласачите, што значи дека референдумот е неуспешен.

Според информациите од активистите на „Здрава котлина“, излегле под 40 отсто од запишаните граѓани со право на глас, со што не е исполнет законскиот цензус референдумското изјаснување да добие легитимитет.

Причината за неуспешноста на референдумот е избирачкиот список кој не соодејствува со реалната слика на теренот. Околу 40 отсто од граѓаните на Општина Ново Село, а може и повеќе, се иселени во странство. Во подгорските села се само возрасни стари луѓе. Дел од нив дојдоа да се изјаснат, но не беше доволно. За нас референдумот е успешен, бидејки околу 3.500 граѓани на Општина Ново Село кои живеат и работат овде, јасно кажаа дека се против изградбата на рудникот за смртта на Огражден“, изјави за СДК, Стојан Велков – Трн претседател на здружението „Здрава котлина“, иницијатори на референдумското изјаснување против рудници во општините во Струмичко.

Поврзани новости