Македонската филхармонија испрати приговор до Комисијата за музичко-сценска дејност при Министерството за култура за, како што велат, направените пропусти во одобрувањето средства за непостоечки проекти во програмата на институцијата. Приговорот следува откако во годишната програма на Министерството стои дека средства ќе и се доделата на Македонската филхрамонија за организирање на коцерт со групата „Бернајс пропаганда“, за што членовите на групата се најдоа затекнати.
Таков концерт бил договорат со претходниот директор на Македонска филхармонија, па Комисијата во Министерството одлучувала по старата апликација, а не обновената на новото раководство.
„Заради констатираните разлики меѓу усвоената годишна програма на Македонската филхармонија од страна на Управниот одбор на установата, и објавените резултати од Конкурсот на Министерството за култура за проекти од национален интерес во културата во 2018 година (официјално соопштена од ресорното министерство во саботата на 10.02.2018), Управниот одбор на НУ Македонска филхармонија, во присуство на в.д. директорот, Виктор Илиески, денес (14.02.2018) одржа вонредна седница на која беше одлучено да биде испратен приговор“, соопштија денеска од таму.