Министерство за земјоделство: И фирма блиска до Заеви доби пари за чистење канали

by fokus

Според Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски на денешната пресконференција ги повторил клеветите, манипулациите и дезинформациите кога е во прашање (не)чистењето на каналите.

– Кои фирми ќе ги чистат каналите беше одредено на тендер и тоа со јавна електронска аукција, а договорите беа склучени со оние кои дадоа најповолни, односно најниски цени. Секое водостопанско претпријатие определува надзор кој на терен ја следи и ја потврдува извршената работа. Сите извештаи за времени ситуации покрај надзорот се потпишани од изведувачот на работите, директорот на водостопанското претпријатие и директорот на Управата за водостопанство при МЗШВ, реагира Министерството.

Оттаму велат дека покрај законската постапка која била спроведена во целост, министерот Михаил Цветков пред исплатата на средствата дополнително формирал Комисија за проверка на изведените работи поврзани со чистењето на каналите за одводнување и наводнување во чии состав покрај членовите од МЗШВ има и членови од други надлежни државни институции.

– Дополнително формираната комисија беше на терен, состави писмен извештај поткрепен со фото документација со што се потврди дека сите економски оператори ги извршиле активностите согласно условите во договорите. Целиот процес е воден согласно сите законски процедури што се гледа и од ревизорскиот извештај, каде што не е наведено дека средствата се исплатени неправилно, незаконски и не е наведена сума на злоупотребени средства, се вели во објаснувањето.

Оттаму потенцираат дека не делеле тендери на фирми блиски до власта, а тоа можело да се види и од фактот што во три од последните пет години, за голема сума на пари, каналите ги чистела „фирмата блиска до кланот на Заеви, АДГ ПЕЛАГОНИЈА СТРУМИЦА“.

– Како што може да се види од официјалните податоци АДГ ПЕЛАГОНИЈА СТРУМИЦА добила 5 (пет) тендери и на нејзината сметка, за исчистените канали се исплатени безмалку 36 милиони денари. Тоа е 20% од, според Љупчо Николовски и СДСМ, „сомнително и незаконско исплатените околу 3 милиони евра“, се вели во реакцијата.

Поврзани новости