Министерството за здравство ги демантира информациите дека постојат заразни болести кои се појавиле како резултат од поплавените подрачја.
„Вистината е дека нема појава на заразни болести во поплавените подрачја и тоа беше потенцирано во изјавата од д-р Јованка Костовска од Министерството за здравство, која укажа дека само еден пациент со ентероколит е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести и тој е во добра здравствена состојба. Со цел вистинито и објективно информирање, апелираме за изнесување точни, проверени и официјални податоци од релевантните институции. Министерството за здравство е отворено за јавност и во оваа прилика уште еднаш апелираме за проследување точни и официјални податоци за пациенти од поплавените подрачја на кои им е укажана здравствена заштита во клиниките и сите останати ЈЗУ каде тие се третирани“, се вели во реакцијата од Министерство за здравство.