Министерството за образование и наука реагираше за прес конференцијата на СДСМ за лошите услови во студентските домови и велат дека опозициската партија треба да престане со „измислиците и да ги почитува принципите на општествена одговорност, етика и морал при своите јавни настапи“.
-Во тек се и неколку дополнителни инвестициски активности, како замена на постојната опрема и мебел, набавка на перални и сушални, а наскоро ќе започне и изградбата на два целосно нови студентски домови. Во однос на исхраната, сите корисници на услуги во студентските домови добиваат три оброци секој ден во неделата, во количини согласно правилниците и нормативите за исхрана, велат од Министерството.
СДСМ на прес конференцијата објави и слики од студентскиот дом „Стив Наумов“ на кои се гледа дека по подот и ѕидовите има израснато печурки.