Борисов: Ако Македонија не преземе нешто за кршењето на споменикот, ќе има многу непријатни средби

by fokus

Македонија да преземе мерки против оние кои се подбиваат со бугарските споменици на нејзината територија, побарал бугарскиот премиер Бојко Борисов на средбата со македонскиот премиер Емил Димитриев во неделата во Виена, каде двајцата учествуваа во разговорите за бегалската криза, пренесува бугарскиот весник 24 Часа.

-Доколку не преземат мерки против тоа со чекани да кршат бугарски споменици, ќе имаат многу непријатни средби. И тогаш кога најмногу ќе очекуваат помош – нема да ја добијат. Ова ли ја помага нашата дружба и интеграцијата на Македонија во ЕУ? Утре ќе треба да гласаме за нив, рекол Борисов.

Покрај Борисов и бугарскиот министер за надворешни работи Даниел Митов побарал официјална реакција од македонските власти.

Поврзани новости