547
Министерството за култура во наредниве две години сите огласи ќе ги пласира во весниците на Медиа принт Македонија, „Вечер“ и во „Коха“, стои во договорот објавен денеска на Бирото за јавни набавки.
За оваа цел, објавување на огласи во печатени медиуми, ресорот со кој до изборите раководеше Елизабета Канческа-Милевска може да потроши околу 4 милиони денари или 65.000 евра во текот на наредните 24 месеци, колку што е вредноста на договорот.