465
Министерството за финасии го демантираше министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски и тврди дека има обезбедено пари за 34 кандидати за полициски службеници кои ја поминаа соодветната обука во класата 2015/16, но не се ангажирани во МВР.
Во соопштението на Министерството за финансии се вели дека тие ги демантираат тврдењата дека не обезбедило пари за плати за 34 кандидати за полициски приправници, кои денеска протестираа пред Министерство за внатрешни работи.
Додаваат дека има обезбедено средства за сите кандидати, а вработувањата треба да ги спроведе МВР.