Камбовски со критика дека власта не го консултирала МАНУ за новите универзитети

by fokus

Претходниот претседател на МАНУ, академик Владо Камбовски денеска изјави дека власта не ги консутирала академиците за основањето на двата нови универзитети, „Дамјан Груев“ и „Мајка Тереза“, што според него е лоша практика.

-За секој проект Министерство е должно да се обрати и да побара мислење од Академијата, а тоа не е направено. Образованието е флексибилен жив организам и пулсира според потребите на општеството, како и прилагодувањето кон квалитетот од европски и светски рамки, и поради сето тоа, секоја иницијатива за основање на јавна високообразовна или научна институција мора да биде придружена со еден сериозен проект, во кој ќе земат учество компетенетние луѓе, рече Камбовски.

Според него, отворањето на нови универзитети и се проекти кои треба да бидат усогласени со Програмата за развој на високото образование и научноистражувачката дејност, кои Собранието на Република Македонија не ги носи.

Поврзани новости